Претседателот Доналд Трамп ја истакна засилената соработка во одбраната и безбедноста меѓу САД и Грција, велејќи дека блиското партнерство помеѓу двата сојузници на НАТО го поттикнува интересот на Вашингтон за одржување на мирот и стабилноста во Источниот Медитеран, Црното Море и Западен Балкан.

Коментарите беа вклучени во соопштение на Трамп по повод годишнината од почетокот на грчката војна за независност на 25 март 1821 година против 400-годишната отоманска власт, пренесува „Катимерини“.

ʺНа денот на независноста на Грција, ние ја одбележуваме богатата историја на американско-грчките односи, што е засилена со нашата љубов кон слободата и ангажираноста кон демократските институции“, рече Трамп. ʺУбедувањето за послободен и просперитетен свет го зајакнува сојузот меѓу САД и Грција“, рече Трамп.

Американскиот претседател ја истакна важноста од минатогодишното актуелизирањето на одбрамбениот пакт – познат како Договор за взаемна соработка за одбрана-меѓу двата сојузника во однос на американските воени бази во Грција.

ʺОвој договор го отвора патот за поблиска соработка во однос на националната безбедност меѓу нашите две држави за децении напред“, рече Трамп.

ʺПреку ваквите напори, партнерството меѓу нашите земји ги развиваат нашите стратешки национални интереси во стабилните и мирните региони на Источниот Медитеран, Црното Море и Западен Балкан“, рече тој.

ʺНие се присоединуваме кон грчкиот народ во прославувањето на поредната година на независност и единство“, додаде Трамп.

ʺСАД и Грција продолжуваат да го споделуваат трајно убедувањето дека политичката власт припаѓа во рацете на народот. На оваа 199-годишнина од независноста на Грција, ги реафирмираме столбовите на власта, културата и патриотизмот кои исковале и продолжуваат да ја одржуваат вистинската врска на која се радуваат нашите два народа. “.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO