Многу од случаите на заболување од коронавирус (и смртните случаи) се класифицираат како ʺпневмонија“ за да не се ʺрасипе“ официјалната статистика.

„Пандемијата од COVID-19 се чини дека ја засега Русија помалку отколку европските земји. Ќе беше вистина ако не знаевме дека во Русија статистиката се „обработува“ подобро отколку што се лекуваат болните“, пишува денес московскиот дописник на швајцарскиот весник Le Temps.

ʺСамо пред неколку дни, Владимир Путин повторно и повторно повторуваше дека епидемијата од коронавирус се наоѓа под контрола и ʺправилните одлуки биле донесени навремено “, вирусот ʺдоаѓа од странство “, а здравствениот систем на Русија е ʺподготвен“.

Државната телевизија ги изложува гледачите со месијанските пораки на ʺславјанофилскиʺ мислители  од деветнаесеттиот век (Достоевски, Одоевски, Краевски), опишувајќи го „Западот што умира“ (Европската унија) и тврдејќи дека ʺсамо Русија може да ги спаси сите“. Властите дури објавија дека е откриена руска вакцина против COVID-19 и веќе се тестира на животни “, пишува авторот.

„Официјалната статистички податоци дава бројки неспоредливи со оние на европските земји погодени од пандемијата, кои покажуваат илјадници случаи на заразени. До понеделник тие тврдеа дека имало помалку од 100 случаи кај население од 146 милиони. Ниту еден не умрел. Ова природно предизвикува сомнеж кај населението , кое од долго време смета, дека лагата од страна на државата е нешто слично како природен феномен: Чернобил, Курск, малезискиот авион во Донбас, експлодирањето на таинствената нуклеарна ракета минатата година. Официјалните власти и медиумите, кои им служат, систематски се заплеткуваат во противречности, лаги и нетранспарентност, кое само ја засилува недовербата кон нив“, коментира медиумот.

„Руските тестови за COVID-19 се 10.000 пати помалку чувствителни од тестовите што се користат во Европа и САД. Многу од случаите на заболување од коронавирус (и смртните случаи) се класифицираат како „пневмонија“ за да не де „расипе „. официјалната статистика, како што соопштуваат многу лекари на социјалните мрежи “, пишува авторот.

ʺЈас сум апсолутно убедена дека пациентите со COVID-19 се повеќе отколку што соопштуваат властите“, изјави за Le Temps Анастасија Василиева, претседател на синдикатот на медицинските работници.

ʺТие не сметаат за идиоти. Не ни достигнуваат лекарите, немаме никакви заштитни средства и сами си шиеме маски од гази. Путин, наш претседател ли е? Толку пати молевме за заштитни средства? Наместо тоа, испраќаат помош за Италија“, вели таа со незадоволство, а изданието заклучува дека Путин ʺјавно се грижи за неговиот имиџ“.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO