Рускиот претседател Владимир Путин ќе се обрати кон нацијата ореку телевизијата во среда заради избувнувањето на коронавирусот, соопштуваат од Кремљ.

ʺПретседателот наскоро ќе ја заврши работата на текстот на своето обраќање кон граѓаните“, изјави пред новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, велејќи дека обраќањето ќе биде емитувано по неколку часа.

Вчера, Путин ја посети болницата за инфективни болести во Комунарка и одржа две средби за проблемите со КОВИД-19. За среда, претседателот го откажа патувањето во Санкт Петербург и остана во Москва.

Во исто време, Песков истакна дека настаните закажани за четврток, вклучително и онлајн средбата на Г20 за коронавирусот, остануваат валидни.

Вкупниот број на пациенти со КОВИД-19 во Русија достигна 658 (од кои 410 во Москва), 29 се опоравени, 122 илјади се под набљудување.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO