Наследникот на британскиот престол, 71-годишниот принц на Велс, Чарлс, е заразен со новиот коронавирус. Ова се вели во изјавата објавена од канцеларијата на престолонаследникот.

ʺТој има лесни симптоми, но во целина се чувствува добро и во последните неколку дена работи од дома како и обично“, се вели во соопштението.

Заедно со него во изолација е и неговата сопруга Камила.

Војвотката од Корнвол исто се тестирала за коронавирус, но резултатот е негативен. Според препораките на владата, парот е во изолација во нивниот дом во Шкотска.

Дворецот соопштува дека не е можно да се утврди од кого принцот се заразил со вирусот заради учеството на Чарлс во голем број јавни настани.

Премиерот Борис Џонсон во понеделникот нареди ограничување на движењето на населението во Велика Британија најмалку три недели за да се спречи ширењето на новата пандемија од коронавирус во земјата.

Како дел од овие мерки, Британците ќе можат да ги напуштат своите домови само во многу ограничени прилики, како што се шопинг, одење на работа, лекување или спорт еднаш дневно. Забранети се собири на повеќе од две лица, затворени се продавниците од мало значење, како и места за богослужба.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO