Енергичната кремљска пропаганда од последните денови, дека Русија нема проблеми со коронавирусот и има лек за да се спротивстави на него, веќе отстапува место на информации и репортажи за реалната слика во земјата, која може да се покаже пред здравствена катастрофа.

Според руските информативни медиуми, се очекува Путин во секој момент да даде официјална изјава кон нацијата. Еве дел од вестите од руските сајтови ʺКомерсант“ и ʺИнтерфаксʺ денес: Во Русија се воведуваат жестоки мерки против нарушувачите на карантинот со казни од 1 до 2 милиони руби (12.500 – 25 000 долари) и затвор во различни случаи од 3 до 7 години. Се разфледува предлогот од затворите за ослободување на илјадници затвореници со полесни казни заради нивната неможност да бидат заштитени од заразата. Запрени се некои возови, на лица над 65 години во Москва им е одземено правото да користат јавен превоз бесплатно, затворени се ресторани, сопрени се културни и спортски настани. Премиерот на Русија ветува остри казни за губернаторите кои не успеваат да го спречат брзото ширење на коронавирусот. Сите тестови продолжуваат да бидат испраќани само до Новосибирскиот институтот за заразни болести ʺВосток“, од каде што се потврдуваат. Лекари од целата земја сигнализираат за сè повеќе заболени од бронхопневмонија, но не можат да кажат дали е од ʺКовид-19“ или не. Над 40.000 руски туристи престојуваат на аеродромите ширум светот и не можат да се вратат во Русија.

Во истото време, цената на нафтата паѓа, цената на природниот гас исто паѓа на светско ниво, од што рубљата продолжува да паѓа. Здруженијата на хотелските и ресторанските работници, како и дилерите на автомобили, ја молат владата за даночен одмор, за сопирање на кириите и исплатата на кредити.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO