Кога ќе бидат исполнети условите за возобновување на дијалогот и кризата со КОВИД-19 биде надмината, претседателот Макрон и канцеларката Меркел планираат да одржат средба меѓу Србија и Косово во Париз, со учество на лидерите на двете земји и на високиот претставник Борел.

Ова беше објавено во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Франција и Германија, во која се нагласува дека на Косово и е потребна стабилна и целосно функционална влада за справување со оваа криза. Затоа тие побараа гласањето за недоверба против кабинетот на Албин Курти да биде преразгледано или одложено, соопштува ʺЈуропиан Вестерн Балканс“. Сесијата, спроведена од коалицискиот партнер Демократски сојуз на Косово, меѓутоа веќе е во тек.

Германија и Франција ја поздравија намерата на премиерот Курти да го обнови дијалогот со Србија и да ги вклучат сите заинтересирани страни за да може Косово да зборува со еден глас.

ʺОдлуката на косовската влада на 20 март за делумно укинување на 100% царински давачки за стоки е важен прв чекор во вистинската насока. Очекуваме давачките да бидат целосно укинати до 1 април и Србија да го стори својот дел “, се вели во соопштението.

Таа исто така потенцира дека спорот меѓу Србија и Косово е прашање на европската безбедност, следствено Европската унија ќе продолжи да ги раководи напорите за справување, веднаш штом двете земји се согласат да започнат преговори. Освен тоа, ќе биде продолжена координацијата со партнерите на ЕУ, особено со САД, соопштија Франција и Германија.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO