Процентот на луѓете, заразени со новиот коронавирус и смртните случаи од таа инфекција варира од земја до земја, но релативно нискиот број на смртни случаи во Германија во однос на бројот на заразени е изненадувачки, поставувајќи го прашањето каква е причината, посочува германската агенција ДПА.

ʺДа бидам искрен, ние сè уште знаеме многу малку за оваа инфекција за да одговориме на ова прашање“, изјави експертот на Светската здравствена организација (СЗО) Ричард Пијбоди за германската агенција.

Тој вели дека ниската стапка на смртност од новата инфекција со коронавирус е сè уште „мистериозна“ во споредба со бројот на заразени. Смртноста од коронавирус во Италија е 20 пати повисока отколку во Германија, покажуваат последните податоци на универзитетот Џон Хопкинс. И бројот на заразените лица е мал во споредба со населението.

Пијбоди меѓутоа ја отфрла директната споредба на двете земји.

ʺНе можеме да мешаме круши и јаболки. Рамките во која се развива епидемијата варира во различни земји “, кажа експертот на СЗО.

Една од причините за различниот број на смртни случаи од коронавирус според Пијбоди е моментот во кој избувнува епидемијата.

ʺВо Италија и Шпанија епидемијата веројатно започнала порано отколку во Германија и продолжува да се развива. Првите случаи се случија многу порано без да бидат откриени и така вирусот се распостранува незабележано сред населението“, вели Пијбоди.

Заради што е потребно известно време, додека инфекцијата да се развие во усложнување за здравјето на луѓето. Просечната возраст на лицата со коронавирус во Италија е највисоката во споредба со многу други земји, вклучително и Германија.

ʺВо Германија просечната возраст на заразените лица е 45, додека во Италија е 63“, рече германскиот демограф Андреас Бакхаус во изјава за агенцијата преку Твитер.

Во написот на веб-страницата Medium  , Бакхаус изјави дека ги споредува Јужна Кореја и Италија, споредувајќи ги податоците, доколку двете држави имаа приближно ист број случаи. Во Јужна Кореја, скоро девет проценти од потврдените случаи се на возраст над 70 години, додека во Италија над 40%.

Претходно оваа недела, 19 проценти од потврдените случаи на инфекција во Германија биле на 60 години или постари, додека повеќе од половина од заразените биле на возраст меѓу 35 и 59 години.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO