Кина ја искористува намалената побарувачка на нафта во Европа во услови на пандемијата од коронавирус за да ги надополни своите резерви со нафта од Русија, пишува ʺДојче велеʺ. Според информација на берзата, Кина веќе купила 1,6 милиони тони руска нафта, која ќе се испорачува преку море во наредните 4 месеци, соопшти ʺРојтерсʺ. Се нагласува дека Кинезите не само што го искористуваат падот на побарувачката во Европа, туку и ниските цени на руските суровини.

Руските нафтени компании се задоволни од понудите на Кина затоа што, покрај очекуваната рецесија во западните индустријализирани земји, на нив влијае и ценовната војна со Саудиска Арабија, која го поплавува пазарот со ефтина нафта во борбата за проширување на својот пазарен удел.

Експертите претпоставуваат дека со откупената руска нафта, Кина веројатно ги пополнува своите стратешки резерви. Според аналитичари од консултантската фирма ʺВуд Мекензиʺ, обемот на стратешките трговски резерви на нафта во Кина може да достигнат 1,15 милијарди барели оваа година. Овој обем е доволен за да се задоволат потребите на земјата за 83 дена.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO