И вториот тест за коронавирус на кој беше подложена германската канцеларка Ангела Меркел е негативен, соопштува МИА. Лекарите меѓутоа, препорачале таа да остане во карантин до почетокот на следната недела.

ʺИ понатаму Меркел ќе продолжи да работи под домашнен карантин, а до крајот на седмицата повторно ќе биде тестирана“, рече владиниот портпарол Штефан Зајберт.

Од владата соопштија, дека таа ги исполнува своите обврски од нејзиниот дом.

Утре Меркел треба да учествува во видео-конференциски средби, прво со лидерите на земјите од Г20, а потоа и со лидерите на ЕУ.

Тема на двете средби ќе биде борбата против пандемијата на коронавирус.

ДОНИРАЈ

Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO