Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, денеска информираше дека постојат наоди кај одредени големи трговци со јужно овошје се служат со шпекулативен однос на пазарот по одлуката за замрзнување на цените и дека со умисла трупаат залихи.

„И на рафтови, и во книговодство и на сметките, состојбата со замрзнатите цени од 11 март се контролира и кај некои трговци има отстапувања, но засега се оди преку укажување затоа што казните се навистина големи – 8.000 евра за правно лице.. Имаме јавувања во поодалечените места. Нашите инспектрои и таму постапуваат. Откако излезе одлуката за најголемата маржа за јужното овошје се покажа дека има одредени четири-пет компаниите кои намерно имаат шпекулативен однос на пазарот. Кај големите трговци ќе мораме да им ги видиме залихгите и што е тоа што го набавувале по 11.03.2020. Од 1 јануари 2020 до 11 март 2020 ќе се пресмета маржата, а понатаму не смее таа да се зголемува. Со цените ќе мораме да причекаме бидејќи мора да се споредуваат со претходниот период кој треба да се пресмета во смисла на маржата. Точно е дека има недостаток на одредени производи“, рече Пауновски.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO