Што е музичка терапија?

Музичка терапија е акредитирана професија уште од 50-тите години на минатиот век. Таа е ресурс кој веќе подог период му помага на детскиот развој на повеќе начини. Музичката терапија може да се применува од најраната возраст на детето.

Каква корист има вашето дете од Музичката терапија?

Музичката терапија може позитивно да влијае на физиолошката стабилност на предвремено родените новороденчиња, да ги зголеми можностите за поврзување со старателот и да обезбеди соодветна развојна стмулацја. Музичката терапија му помага на вашето дете во :

  1. Подобрување на расположението
  2. Сооцијална интеракција
  3. Можност за вежбање на контрола на енергјата
  4. Фокусирање
  5. Справување со стресот, стравот и гневот
  6. Правилно самоизразување
  7. Збогатување на речникот
  8. Чуствителност и сензибилитет
  9. Осаменоста на детето

 

Што се може детето преку Музичката Терапија

За време на Музичката терапија, вашето дете може да свири инструмент, да пишува песни, да пее или доволно само да ја слуша свпјата омилена песна. Првото детско пеење се нарекува лалење.

Пеењето песни е најширок облик на музицирање. Ведрата и темпераментна песна кај децата буди оптимизам,веселост, и смиреност. Со слушањето музика се влијае во развојот на музичките способности и се развива чуствителност и сензабилитет на слухот.

Со произведувањето на музиката се развиват горните и долните екстремитети. Детето ги користи деловите од телото како извор на звук, првен рацете со кои се обидува на различен начин да произведе звук(плескање со раце, тропање на предмет и сл.), потоа со нозе(тропање, влечење на нозе , туркање на предмети и сл.).

Детето секој ден од околината открива нов звук кој помага во неговиот развој, музичката терапија влијае добро врз развојот и здравјето на вашето дете.

 

Музички игри и активности

  1. Звуци околу мене- Застанете со вашето дете и слушнете ги звуците кои се наоѓаат околу вас во вашиот дом, на улица, во вашиот двор.
  2. Музички измисленици-Игра во која вие можете да смислите смешна звучна приказна, да создадете ваша песна, да напишете некоја нова песна или на секоја буква да напишете или смислете песна.
  3. Музички брзозборки-Најдете некоја брзозборка научете ја потоа можете да ја пеете. За поинтересно можете да смислите ваши ноти а потоа да ја свирете.
  4. Музички истржувачки игри- Најдете одредени предмети и можете да проверет какви звуци произлегуваат (пр. Игра со полнети шишиња вода, дрвени подлоги , течењето на вода од чешма, паѓањето на пластични чаши)
  5. Свирење на инструмент-Направете си свој музички инструметн од картони, пластични шишиња, лименкки , конзерви, боички и пота направет концерт со вашето дете.
  6. Слушање музика-Слушајте ја омилената песна на вашето дете, или заедно пребарувајте на интернет и најдете нова песна или нови звуци.
  7. Пронајди го соодветниот инструмент-За оваа активност ви требаат најразлични инструменти кои и вие можете да ги изработите или можете да користите импровизирани инструменти. Целта на оваа активност е да пуштите музикка, да ја слушате и да го пронајдете соодветниот инструмент кој одговара со звукот.
  8. Музика и танцување-Или едноставно можете да си пуштите одредена музика, и заедно со вашето дете да се забавувате, пеете и танцувате

Автор: Симона Ташева, специјален едукатор и рехабилитатор


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO