Пејачката Ријана донира 5 милиони долари за да помогне во глобалната борба против ширењето на коронавирусот. Парите ќе бидат насочени главно кон лицата од ʺфронтовата линијаʺ.

Според портпаролот на пејачката, парите ќе бидат искористени и за купување храна за банки за храна, од кои се хранат сиромашни и маргинализирани групи, како и постари лица. Друг дел од средствата ќе бидат потрошени за набавка на тестови за коронавирус и медицинска опрема во земји како што се Хаити и Малави.

ʺСе надеваме исто, средствата да можат да бидат искористени за набавка на заштитна опрема, како нараквици и маски во оделенијата за интензивна нега во земјата, како и помош за трошоците за разработка на вакцини и обука на здравствени работници“, се вели во соопштението на портпаролот на пејачката.

Досега двојкката актери Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс донирале вкупно 1 милион американски долари на банките за храна во Северна Америка за поддршка на напорите за борба против коронавирусот.

Во својот профил на Инстаграм тие напишаа: ʺКовид-19 е жестока болест која ги погодува возрасните и семејствата со ниски приходи. Блејк и јас донираме 1 милион американски долари за да бидат дистрибуирани во банките Feeding America и Food Banks Canada.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO