Дилијан Вајт изјави дека е подготвен за реванш со светскиот шампион во тешка категорија Ентони Џошуа и овој пат е уверен дека ќе успее да го нокаутира. Џошуа му го нанаесе единствениот пораз во професионалната кариера на Вајт со нокаут на крајот на 2015 година, но потоа Вајт забележа 11 последователни успеси, меѓу кои и против JЏозеф Паркер, Мариуш Вах, Роберт Хелениус и двапати против Дерек Чисора.

ʺСакам да боксувам со Џошуа, веднаш би прифатил. Јас сум во спортот, за да се борам во најголемите и најсмислените натпревари. Сакам да го запишам моето име во историјата. Штом Руиз може да го нокаутира, тогаш и јас со сигурност можам затоа што имам потешки удари од Руиз. Имам и подобро движење на нозете од него, како и подобра техника. Тој има брзи раце, но нозете му се бавни. Веќе покажав дека можам да се враќам во натпревари, во кои заостанувам со бодови, затоа што ги имам силите за нокаути во последните рунди, што е многу важно за боксер во тешка категорија. Повеќето боксери во тешка категорија, можат да те нокаутираат само во првите шест рунди, доколку не успеат, се завршува за нив.

Во истото време, 31-годишниот Вајт призна дека не може да прогнозира кој би победил во евентуален натпревар за апсолутен светски шампион во категоријата помеѓу Џошуа и Тајсон Фјури. ʺМоже да се најдат причини секој од нив да победи или да загуби“, кажа Британецот.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO