Последиците од глобалната пандемија од коронавирус ќе бидат ʺмногу сериозни“, соопшти Мартин Мјулејсен, директор на одделот за стратегија, политика и анализа на Меѓународниот монетарен фонд, пренесе РИА Новости.

Во истото време тој истакна дека глобалната економија е подготвена за потреси и способна да се справи со кризата.

Според експертот, континуираниот раст на економијата и високото ниво на вработеност создаваат тампон против слабеењето на економската активност како резултат на пандемијата.

ʺСуштината на борбата против кризата треба да биде ограничувањето ма ширењето на вирусот“, истакна тој.

ТАТКОВИНА потсетува дека на 11 март, Светската здравствена организација ја прогласи коронавирусната инфекција COVID-19 за пандемија. Според најновите податоци на СЗО, над 230.000 луѓе се заразиле ширум светот, најмногу во Европа. Речиси десет илјади од нив починале.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO