Правилната исхрана игра суштинска улога при превенцијата од заразни болести. Ова прашање е уште поактуелно сега кога се соочуваме со пандемија на коронавирус и нема вакцина против него.

Според нутриционистите, овој момент е исклучително несоодветен за диети  со висока содржина на маснотии и протеини и со ниска содржина на јаглени хидрати.

Овошјето треба да се јаде најмалку два пати на ден – главно агруми и црвени плодови како што се боровинки, да се пие чај и други течности, да се јадат супи-пилешко или од зеленчук.

Не треба да се заборави и салатата, препорачливо е таа да биде од зелен лиснат зеленчук.

За набавувањето на протеини, добро е да се јаде пилешко или мисиркино месо, риба, млечни производи со малку маснотии, особено јогурт со пробиотици. Од растителна храна се препорачуваат грашок, грав и леќа. Може да се додаде ориз и интегрален леб со семе.

Специјалистите советуваат да се избегнува храна со конзерванси како што се колбаси, паштети и салами. Исто така, треба да се избегне консумирање маргарин и рафиниран путер, колачи и брза храна.

Нагласуваат, дека правилната исхрана влијае на имунолошкиот систем и е клучен фактор во процесот на заздравување ако сме заразени со каква било болест.

Важно е да се одржи добра хидратација на телото. Нутриционистите препорачуваат да се пие чај од липа, бреза, бела кора, анасон и сладок чај од корен, кој се користи со години за да се спречат респираторни проблеми.

Општо, треба да се воведе поголема креативност во кујната при подготовката на различните јадења, со традиционални зачини, вклучувајќи ѓумбир, куркума, бибер и други производи, кои до вчера ни се чинеа егзотични.

 

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO