Германскиот автомобилски гигант Фолксваген се подготвува да ги затвори повеќето од своите европски фабрики, присоединувајќи се кон редица други производители на автомобили, бидејќи пандемијата на коронавирус ги прекина ланците за снабдување и ја намалува побарувачката.

Производството ќе биде сопрено во Шпанија, Португалија и Словачка и Италија пред крајот на оваа недела “, рече во негова реч извршниот директор Херберт Дис.

ʺПовеќето од другите германски и европски фабрики ќе започнат со подготовките за стопирање на производството, веројатно за две до три недели“, додаде тој.

Овој потег доаѓа откако европските влади преземаат драстични мерки за да ги изолираат луѓето во нивните домови, а затворањето на фабрики низ целиот свет го прекинува снабдувањето со делови потребни за да се продолжи со производство на автомобили.

Синдикатот на вработените во Фолксваген одделно соопшти дека затворањето на VW ќе стапи на сила од петок – и ги критикуваше шефовите на компанијата дека не преземале поитни дејствија.

ʺВеруваме, дека ова е многу касно! Очекуваме излегување од производството сега“.

Вработените во VW, кои треба да работат во тесна соработка на монтажните линии, не разбираат зошто треба да ʺризикуваат да се заразат“ за ʺнеколку стотици повеќе возила“ кога веќе раководителите работат од дома, напишаа тие.

Фабриките за производство на автомобили не работат низ цела Европа.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO