Европското првенство во фудбал, што требаше да се одржи ова лето, беше одложено за следната година поради пандемијата COVID-19. Новите датуми за шампионатот на Стариот континент се 11 јуни – 11 јули 2021 година.
Ова беше одлучено денес по вонредната видео конференција на УЕФА со сите 55 членови на организацијата и претставници на Европската клупска асоцијација, Европските првенства и ФИФПРО. Веста за важната одлука прво ја објави Норвешката фудбалска федерација.
По програмата Евро 2020 требаше да се одржи во периодот 12 јуни – 12 јули годинава во 12 различни држави во Европа. Одржувањето на шампионатот следното лето ќе бара многу измени во фудбалскиот распоред. Финалето на Лигата на нации ќе се одржи на 2-6 јуни 2021 година, Европското првенство под 21 година е закажано за 9-26 јуни, а деби-изданието на Светскиот клупски куп на ФИФА треба да се одржи во јуни 2021 година.
УЕФА и националните лиги допрва треба да одлучат како ќе завршат Лигата на шампионите и Лигата на Европа оваа сезона, со одложувањето на Еуро 2020 да ав отвори прозорецот за да го стори тоа во текот на летото, доколку тоа го дозволи ситуацијата со коронавирусот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO