Миленко Неделковски, новинар кој активно шири говор на омраза против Бугарија со неговите дејства, објави скандалозен статус на неговата Фејсбук страница.

„Тие со бугарски пасоши нека одат во изолација и лечење во Бугарија. Македонија на Македонците“.

Потоа тој додаде:

„Секој од нас имал можност, а и потреба, да извади бугарски пасош.
Но, наспроти тоа, не сме извадиле и сме останале МАКЕДОНЦИ, не сме се пишале бугарчиња.
Тоа што вас тој болен факт ќе ве прогонува цел живот, е цената која ќе ја плаќате.
Не ја барајте вината на друго место.“

 

Миленко Неделковски е активист против про-западните политики на државата и еден од најжестоките поддржувачи на Груевски и ДПМНЕ. Ова е уште една негова изјава каде што индиректно повикува на линч и шири говор на омразата, како и потсвесно внушува дека тие со бугарско државјанство се болни од Коронавирус.

Во 2002 и 2003 година  бил раководител на фирмата „Супер-Би“, која посредувала при вадење на работни визи за САД.

Иако е анти-западно настроен, во 2006 година, Неделковски бил приведен на 7 месеци во истражниот затвор „Шутка“. Тој, заедно со уште неколкумина соработници, бил обвинет за измама на 22 македонски граѓани, ветувајќи им лажни визи за САД.

На 15 мај 2008 год. бил осуден на казна затвор во времетраење од две години, вклучувајќи го и времето од седум месеци поминато во притвор.

Подоцна Неделковски бил пуштен на условна слобода, ако во рок од пет години не го повтори делото и ако за една година им ги врати парите, во износ од 160 илјади евра, на оштетените во случајот.

 


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO