Светскиот шампион во бокс во верзијата на ВБЦ, Тајсон Фјури може не само да ја изгуби титулата, туку и да стави крај на неговата кариера. Причина за тоа може да стане употребата на забранети стимуланси во 2015 година.

Во тоа време, Тајсон и неговиот братучед Хју се оправдале, дека  јаделе месо од дива свиња, кое го зголемува нивото на нандролон во крвта, пренесува Дејли Мејл.

Сега меѓутоа, фармерот Мартин Керфут тврди дека двајцата го натерале да лаже, дека им го доставил месото за кое станува збор. Исто така му биле ветени и 25.000 фунти, кои дури не ги платиле.

Фармерот потпишал два документи во кои се изјавува дека тој им дал месо на двајцата боксери за време на судскиот процес против нив. Анти-допинг агенцијата на Велика Британија веќе објави дека го истражува случајот.

„Тие ме посетија во ноември 2016 година во мојата фарма во Престон. Ме замолија да кажам дека сум им го дал месото. А јас дури и немам месо од дива свиња. Никогаш не сум убивал такво животно. Тие постојано ме убедуваа дека ќе ми платат. ʺКога работите се влошија, тие ми понудија одредена сума пари пред и по процесот. Доста повеќе лаги. Луѓето заслужуваат да ја знаат вистината“, кажа Керфут. Доколку се докаже измамата, Тајсон Фјури најверојатно ќе ја изгуби титулата, која неодамна ја доби на натпреварот против Дионтеј Вајлдер. Тој, исто така, ризикува сериозна казна подолг временски период, што може да значи и крај на неговата кариера.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO