Компанијата ʺНајкʺ, еден од најголемите светски производители на спортска облека и обувки, ги затвора сите свои продавници во САД, Канада, Западна Европа, Австралија и Нов Зеланд од 16 до 27 март поради ширењето на новиот коронавирус. Ова го соопшти Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на претставник на компанијата.

Сите вработени ќе продолжат да примаат плати во текот на периодот на принудно отсуство од работа. Во истото време, соопштија од компанијата, продавниците на ʺНајкʺ ќе продолжат да работат во Јужна Кореја, Јапонија, поголемиот дел од Кина и „многу други земји“, врз основа на податоците за епидемиолошката состојба во светот.

Според Комисијата за хартии од вредност на САД, заклучно со крајот на 2019 година, ʺНајкʺ поседувал 384 продавници во САД и повеќе од 750 продажни места во други земји.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO