Во дванаесетмесечното работење во 2019 година Градски трговски центар А.Д. Скопје оствари вкупни приходи од 224.104.000 денари (3,64 милиони евра), кои се поголеми за 7 насто во однос на претходната 2018 година.

Во ценовно чувствителната информација објавена на веб страницата на Македонската берза, и покрај зголемените приходи, ГТЦ имал зголемени трошоци кои изнесуваат 258.453.000 денари (4,2 милиони евра) кои се за 9 отсто поголеми во однос на претходната 2018 година.

– Притоа е остварен негативен финансиски резултат во бруто износ од 34.349.000 денари или 558.000 евра. Целта на нашето работење е да оствариме позитивни резултати во наредниот период за тековната 2020 година со максимално ангажирање и целосно искористување на капацитетите со кој располага нашето Друштво – информираат од ГТЦ.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO