Турски единици стрелаат на позициите на сириската владина армија и руски авиони во провинцијата Идлиб. Тоа се соопштува во репортажа на ʺРусија-24ʺ.

Според ТВ-каналот, акциите на Анкара се одговор на воздушниот напад во кој загинаа најмалку двајца турски војници. Според весникот ʺСабах“, повредени се уште двајца војници. Меѓутоа, не е прецизирано кој точно го извршил нападот.

ʺСириската армија буквално ја спасува авијацијата – сопствената и руската. Авионите на сириските и руските воздушни сили даваат отпор на турските единици повторно и повторно“, кажа Евгениј Подубни, шеф на прес-службата за Блискиот исток и Северна Африка.

Според него, турските сили активно користат преносен противвоздушен ракетен систем. Руските и сириските авиони користат топлински стапици за заштита од оган.

Претходно, сириската државна агенција САНА објави дека борците поддржани од турската армија започнале офанзива во градот Саракиб во провинцијата Идлиб. Турскиот лидер Таип Ердоган изјави дека сè уште не добил задоволителен резултат во преговорите со Русија за Идлиб и Анкара е подготвена да започне воена операција во регионот. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков го нарече ова сценарио како најлошо можниот.

Од своја страна сирискиот претседател Башар Асад истакна дека армијата на земјата ќе продолжи со ослободувањо на провинциите Алепо и Идлиб, и покрај реакцијата на Турција.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO