Според сведок на настанот, дознаваме кој бил манијакот од Кисела Вода:

Пред две недели медиумите објавуваат дека е уапсен манијак од Кисела Вода кој 11 до 12 пати излегува и се самозадоволува пред станарките од зграда во Кисела Вода. По објавите во медиумите и приложените фотографии од него е уапсено лицето Емрула Ч. од н. Бутел.

Истиот е фатен трипати во полиција, и вториот го препознава нападнато девојче. Емрула поминува една ноќ во притвор, а утредента обвинителот суди дека „нема потреба“ од притвор и нема да го повтори делото и е пуштен на слобода. Вчера, само две недели потоа истиот човек го повторува делото на девојче во Центар. Полицијата си ја заврши експресно својата работа и за не цели 24 часа истиот беше спроведен во притвор.

Денеска другото девојче го препозна истиот Емрула Ч., меѓутоа има сериозни индиции дека после суптилен притисок од „пријатели“, истиот повторно ќе биде пуштен на слобода. Т.е некој нов обвинител можеби повторно ќе одлучи дека нема основ да се повтори делото.

Не постои друг основ да се заштитат невини лица, освен овој случај да се објави во јавноста. Ве замолувам само поради заштита на вчера нападнатото девојче, ако објавите да не го објавувате моето име и презиме.

Сметам дека наша должност е да ги заштитиме невините лица од вакви умоболни ликово. Дали овој човек треба да убие или силува некоја невина личност, па нашето судство да „профункционира“ ?

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO