Европската агенција за азил, ЕАСО, во својот извештај за 2019-та година, констатира дека првпат е зголемен бројот на барања за азил во ЕУ, а растот се должи на лица од земји со кои ЕУ го укинала визниот режим. Во текот на 2019 се поднесени над 714 илјади барања за азил во ЕУ, што е зголемување од 13 отсто во споредба со претходната година, за првпат имало повеќе барања отколку за време на бегалската криза во 2015-та.

Но, вели ЕАСО, „зголемувањето не се должи главно на нередовната миграција туку на апликации од земји кои имаат слободен визен режим со Шенген. Најголемиот дел од растот доаѓа од големиот број апликанти на кои не им е потребна виза за влез во Шенген. Меѓу нив се наоѓаат лица од Венецуела, Колумбија, Хондурас и Ел Салвадор, но и од западниот Балкан.

Меѓутоа, предупредува ЕАСО, лицата од западен Балкан имаат најмалку шанси да добијат каква било меѓународна заштита или статус на азилант. Најмногу азил добиваат Сиријците со 85 отсто, Јеменците со 82 отсто и Еритрејците со 81 отсто, додека најниска стапка на одобрување на азил имаат Македонците и Молдавците со еден отсто и Албанците со шест отсто. Слаба е стапка на признавање и за лицата од Венецуела и Колумбија, меѓу пет и седум отсто.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO