Министерот Венко Филипче на денешната прес конференција истакна дека девет лица имало во комбето со кое заразената се вратила во Македонија.

Тој додава дека сите се пронајдени и ќе бидат во изолација 14 дена.

Педесет годишна жена од Скопје е првиот потврден случај на корона вируост во Македонија. Жената престојувала еден месец во Италија, вчера се вратила и утринава била хоспитализирана на клиниката за инфективни болести.

Жената била болна две недели пред да дојде во Македонија и била лечена и во Италија, но таму не била тестирана за корона.  Во моментов е изолирана на инфективната клиник, свесна е и дише самостојно. Здравствените власти велат дека инкубацијата е помината и во моментот на транспорт веројатно таа не е претставувала опасност за да ја пренесе болеста.

Епидемиолозите смируваат дека нема ризик за населението а дека медицинските служби се подготвени да одговорат на потребите.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO