Регистрираната во Белград руска компанија IDC (Infrastructure Development and Construction), која беше главен изведувач за изградба на гасоводот ʺТурски поток“ преку Србија, исто  ќе биде подизведувач на бугарскиот дел на гасоводот, пренесе дописникот на БГНЕС од Белград.

Дозвола за изградба на гасоводот од Бугарија до Србија е дадена саудискиот конзорциум ʺАркад”( Arkad).

Порталот Si News потсетува дека ʺБулгартрансгазʺ потпиша; договор за 1,1 милијарди евра со „Аркада“, која е со седиште во Саудиска Арабија.

IDC ќе изгради над 100 километри гасовод од границата со Србија преку територијата на Бугарија во својството на еден од подизведувачите на изградбата на гасоводот.

Компанијата, која има искуство во спроведување на вакви големи проекти, ќе ги користи машините и дел од работниците со кои е изграден ʺТурски потокʺ низ Србија. Тие ќе го подготват теренот, ќе ги монтираат и заваруваат цевките на гасоводот, т.е. ќе биде извршена комплексна услуга.

Информацијата ја потврдува изјава на раководителот на „Србијагаз“, Душан Бајатовиќ, дека компаниите кои го изградиле српскиот дел на ʺТурски поток“ можат да им помогнат на соседите во Бугарија да ја завршат својата работа што е можно поскоро затоа што без бугарскиот дел од гасоводот, нема да има гас за Србија.

IDC ќе го изгради гасоводот од границата со Србија до внатрешноста на Бугарија користејќи ја својата техника. Договорот со изведувачите е веќе потпишан, а работата треба да започне во март. Изградбата на трасата низ Бугарија е поделена на пет подизведувачи, кои треба да ја завршат изградбата на две компресорски станици во Бугарија. Според информација на весникот Политика, руската компанија го добила тендерот за изградба на ʺТурски потокʺ преку Србија како главен изведувач, а еден од нивните подизведувачи е Србијагаз заедно со италијанскиот ʺSaipem” .

Делот од главниот гасовод од Бугарија до унгарската граница, кој ќе доставува руски гас од ʺТурски потокʺ, е проектиран од италијанско-српскиот конзорциум ʺSaipem-Srbijagas”.

Србија треба да заврши со изградбата на компресорска станица на границата со Унгарија, каде што продолжува ʺТурски потокʺ.

Според информациите, најголем проблем бизнисот сретнал при пронаоѓање на заварувачи што се малку во Србија и без кои не може да се заврши работата.

Првиот 11-километарски дел од гасоводот ʺТурски поток“ низ Бугарија е веќе завршен од местна компанија, при што проектот е на вредност од 14,2 милиони евра. Изградбата на вториот дел од гасоводот се очекува да заврши до следната грејна сезона.

Во мај 2017 година, рускиот Гаспром ја започна изградбата на првиот дел од гасоводот ʺТурски поток“ со поставување на гасоводот од 930 километри под Црното Море до турскиот брег. Наменет е за снабдување на Турција со гас. Друг дел од гасоводот, кој ќе снабдува гас во земјите од Јужна и Југоисточна Европа, е долг 180 км и ќе поминува низ турската територија до границата со соседните земји. Капацитетот на секоја од двете делници на гасоводот е 15,75 милијарди кубни метри гас годишно.


Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO