Антиохиската патријаршија официјално соопшти дека нема да присуствува на средбата во Аман, Јордан, што ќе се одржи на 26 и 27 февруари.

Во соопштението се вели дека Антиохиската црква нема да учествува на оваа средба „со оглед на информациите со кои располага и нејзината желба да избегнува се што ќе ја зголеми поделбата меѓу браќата и нивното  оддалечување“. Во соопштението се вели:

ʺПо повод учтивата покана од блажениот патријарх ЕрусалимТеофил III, добиена од Неговото Блаженство патријархот Јоан X за учество на средба на застапници на православните цркви во Аман, Јордан, 25 февруари, Антиохиската црква соопштува дека нема да учествува на споменатата средба. Антиохиската црква, разбирајќи го активниот интерес на застапниците на црковите и нивните иницијативи, во однос на се што може да придонесе за изнаоѓање решенија за сериозната криза во која денес се наоѓа Православната црква, одбива да учествува на оваа средба, имајќи ги во предвид информациите со кои располага, и нејзината желба да избегнува сè што ќе ја зголеми поделбата меѓу браќата и нивното оддалечување.

Исто така е неспорно дека Патријаршијата не се откажува од својата желба да го забрза наоѓањето на потребните решенија за проблемите што доведоа до прекин на општението меѓу Антиохиската црква и Ерусалимската црква, при што Антиохиската црква ја покажа својата подготвеност да ги преземе неопходните активности за олеснување на одлуките. Во оваа пригода, Антиохиската црква ја повторува својата цврста позиција дека едногласноста меѓу црквите, заснована врз Светото Писмо и Светото Предание, е основно правило во Православната Црква во однос на заедничките решенија на православно ниво, но и за решавање на тековните проблеми “.

ТАТКОВИНА потсетува дека БПЦ официјално објави дека нема да присуствува на средбата во Аман.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO