Американски владини претставници се сомневаат во Русија дека распостранува лажни вести за коронавирусот, со што ги поткопува меѓународните напори за борба против епидемијата, пренесе АФП.

Информацијата доаѓа, откако илјадници профили на социјалните мрежи, претежно од луѓе од Русијс, распострануваат информација за поддршка на теоријата на заговор, дека САД стојат зад епидемијата со новиот коронавирус. На тој начин Русија го руши имиџот на САД, искористувајќи ги меѓународните здравствени проблеми, велат американските власти.

Според истрагата на американските власти, илјадници лажни руски профили на социјалните мрежи Твитер, Фејсбук и Инстаграм сè повеќе коментираат дека ЦИА стои зад епидемијата во која животот го загубија над 2.300 луѓе, претежно во Кина.

ʺЦелта на Русија е да сее раздор, да го поткопа имиџот на американските институции и да шири лажни вести преку нереални профили“, изјави Филип Рикер, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија. Според неговите зборови, со лажната информација, Русија имала за цел да ја загрози јавната безбедност, расејувајќи го вниманието од борбата на властите за справување со вирусот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO