Руски авион ʺАн-124“, кој го транспортира зенитно ракетниот комплекс ʺПанцир С1ʺ,  излетал од московскиот аеродром ʺВнуковоʺ за Србија.

Авионот моментно лета над воздушниот простор на Бугарија, пренесува Спутник. На бордот на ʺАн-124ʺ се првите два од вкупно шест системи ʺПанцир С1ʺ кои Белград ги договори минатата година.

Летот на рускиот авион со воена опрема е одобрен од бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов.

ʺПо дозвола на министерот за одбрана, и по согласување со Министерството за транспорт, информатичка технологија и врски, во согласност со актуелното нормативно уредување беше даден позитивен одговор за извршување на полети од руски авион кој го транспортира зенитно ракетниот систем ʺПанцер С1“ за Република Србија“. Соопштија во четвртокот за БГНЕС од бугарското министерство за надворешни работи.

Што претставува ʺПанцирʺ?

На 24 октомври 2019 година, српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека Белград го нарачал комплексот ʺПанцир“. Тој е предназначен за блиска заштита на цивилните и воените цели од воздушни напади во секакви метеоролошки услови, клима и радио-електронски услови, дење и ноќе. Комплексот може да заштити и одбрамлив објект од закани од земја и вода.

Вооружувањето на ʺПанцирʺ се состои од 12 проектили земја-воздух подготвени за лансирање (по шест ракети во секој контејнер). Ракетите имаат максимален дострел од 20 км и 30 км и се опремени со боева глава од 20 кг. Оружјето на комплексот вклучува и 30мм оружје со дострел до 4.000 м и висина до 3.000 м.Рекетите се користат за борба против цели во далечна зона на опфат, додека оружјето се користи за уништување на цели во блиска зона.

Испораките на комплексот ʺПанцир“ треба да завршат до крајот на овој месец.

С-400 и ʺПанцирʺ на обуки во Србија

На крајот на ноември 2019 година, руски авиони со зенитно ракетни комплекси С-400 и ʺПанцирʺ повторно прелетаа над територијата на Бугарија на пат за Србија. Таму се одржа заедничко српско-руска вежба, која беше набљудувана  и од претседателот Александар Вучиќ.

Воени експерти коментираа дека присуството на најсовремени руски ЗРК  на територијата на Србија зоздаваат проблем за соседните земји членки на НАТО – Романија, Бугарија, Грција и Унгарија, затоа што тие можат да ги контролираат летовите на нивните воздушни сили во регионот.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO