Важна посета во Северна Македонија направија лидерот на групата „Renew Europe“ во Европскиот парламент Дачиан Чолош и постојаниот известувач за Република Северна Македонија Илхан Ќучук. Посетата доаѓа само еден месец пред решавачкиот Европски совет, кој се очекува земјите-членки да дадат зелено светло за започнување на преговори за присоединување кон ЕУ.

ʺОткако на почетокот на 2018 година Европската комисија ја објави својата стратегија за Западен Балкан, очекувањта беа таа да даде нов импулс на европското проширување. За жал, тоа не успеа и за разлика од тоа, 2019 година стана година на „разочарување од проширувањето“. 2020 година конечно има можност да одговори на европските стремежи на луѓето од Западен Балкан “, изјави Илхан Ќучук за медиумите во Северна Македонија. Тој додаде дека ʺновата методологија имено има за цел да го рестартира процесот, правејќи го попредвидлив и динамичен, а не бирократски“. ʺЕте зошто и групата ʺОбнови ја Европаʺ е тука денес, во центарот на Скопје, да изјавиме категорично, дека застануваме зад идното проширување на ЕУ и целосна интеграција на Западен Балкан во европското семејство“, кажа уште Ќучук. Тој беше категоричен, дека не треба да се стигнува до непријатните изненадувања во последниот момент на претстојниот Европски совет во март, а да се даде старт за преговори за присоединување со Албанија и Северна Македонија. ʺВо спротивен случај, довербата меѓу ЕУ и регионот може да биде разнишана за долго време“, истакна постојаниот известувач за Северна Македонија.

Според лидерот на ʺRenew Europeʺ во Европскиот парламент Дачиан Чолош, започнувањето на преговорите за присоединување со Северна Македонија и Албанија треба да се случи што е можно поскоро, пред самитот во мај во Загреб. ʺНема сомнение дека од 2017 година Северна Македонија ја докажа многукратно  својата ангажираност кон европскиот пат. Договорот од Преспа и Договорот за пријателство со Бугарија се многу силни знаци во таа насока. Историското значење на овие договори го надминува започнувањето на преговорите. Тоа се примери за целиот регион дека историјата може да биде излекувана и дека со подготвеност за компромиси може да се изгради заедничка иднина“, изјави Чолош во Скопје.

Посетата на европратениците вклучи средни со претседателот Стево Пендаровски, службениот премиер Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на парламентот Талат Џафери, лидерите на најголемите политички партии и граѓанското општество во земјата.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO