Конзервативците водат на парламентарните избори во Иран што се одржаа вчера во земјата, пренесува АФП.

Гласањето помина на фонот на нискиот одзив заради елиминацијата на скоро половина од кандидатите и во услови на тензии што ескалираа во последните месеци меѓу САД и Иран.

Очекувањето на повеќето аналитичари беше дека луѓето нема да гласаат во голем број, заради нивното разочарување од неисполнетите ветувања и блокираната од суровите американски санкции економија.

Повеќе од 8.000 од 16.000 кандидати на изборите беа дисквалификувани, при што меѓу нив многу реформски и умерени кандидати, вклучително и десетици сегашни пратеници. Тоа во пракса ги остави конзервативците без конкуренција.

Пребројувањето на гласачките ливчиња продолжува, а досега се преброени гласовите во 71 од вкупно 208 изборни единици, соопшти Националната изборна комисија.

Техеран е најголемата изборна единица со 30 пратенички места.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO