Бугарскиот премиер Бојко Борисов го демантираше написот во шпанскиот весник „Ел Периодико“ дека се води истрага против него за перење пари и купување куќа во Барселона: „Ниту поседувам куќа, ниту имам недвижен имот, ниту сум бил во Барселона. Последен пат отидов како градоначалник пред 15 години“, соопшти бугарскиот премиер и рече дека не се негови парите и нема никаква врска со компаниите кои се споменуваат во текстот.

„Станува збор за луѓе кои не сум ги видел дури 15-20 години. Ниту пак некоја служба, обвинителство, полиција, ме побарале за да ме прашаат дали е тоа вистина“, рече Борисов.

Денеска шпанскиот весник „Ел Периодико“ објави дека каталонската полиција и обвинителството за борба против корупцијата во Шпанија вршат истрага дали Борисов е поврзан со евентуално перење пари во таа земја.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO