
Укинувањето на таксата од 100 отсто, што пред повеќе од една година ја воведе владата на Косово на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, е прашање на денови и таа ќе се замени со целосен реципроцитет кон тие држави, најавија претставници на коалициските партнери во новата косовска Влада на денешната трибина на Косовскиот демократски институт, соопшти РСЕ.
Пратеникот на Движењето Самоопределување Артан Абраши, најави дека новите мерки кон двете држави ќе бидат воведувани постепено, но тотално. Шефот на пратеничката група на другата владејачка партија, Социјалдемократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Арбен Гаши рече дека реципрочните мерки кон соседната држава ќе се воведат, но оти треба да се внимава да не се попречи започнувањето на дијалогот кој беше прекинат во ноември 2018, кога тогашната влада ја воведе таксата.
Тој рече дека владејачката коалиција ќе ја укине спорната такса на српскиот увоз, додека мерките на реципроцитет не е можно да се воведат одеднаш, затоа што се комплексни.
