„Агентите“ во Земјината орбита не можеа да ја разграничат зоната на одговорност во бескрајната вселена и поради тоа за малку не изби нов конфликт меѓу Русија и САД.

Америка предупредува дека американскиот сателит е загрозен од страна на рускиот вселенски апарат, соопшти весникот „Тајм“ повикувајќи се на началникот на командата на Вселенските сили на САД генерал Џон Рејмонд.

Според неговите зборови, руските сателити „Космос-2542“ и „Космос-2543“ кон средината на јануари 2020 година му се приближиле на сателитот USA-245 (познат и под називот KH-11), еден од клучните елементи на орбиталниот набљудувачки систем на САД Keyhole/CHRYSTAL.

Американците сметаат дека тој инцидент им овозможил на Русите да добијат снимки на американскиот сателит и податоци за него за време на извидување „на територијата на потенцијален противник“.

„Тајм“ не прецизира за кој противник станува збор, но нагласува дека со овој инцидент не е прекршен ниеден меѓународен договор за активностите на РФ и САД во Земјината орбита.

Единствениот договор кој двете земји го склучија во однос на ова прашање е Договорот за демилитаризација на вселената, а него ниеден сателит априори не може да го прекрши.

 

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO