Српскиот член на претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик, изјави денеска дека Република Српска тргнала на патот кон напуштање на БиХ од кое нема враќање назад.

ʺЌе го направиме тоа и ниту САД ниту некој друг нема да нè спречат затоа што сметаме дека Дејтонскиот договор е разрушен, главно од мешање на меѓународни фактори“, рече Додик.

Тој додаде дека времето ќе покаже дека Република Српска е сериозна во однос на таквата намера.

ʺСакаме сите во РС да знаат дека се потпрени до ѕидот и сега треба да решиме дали да ги прифатиме лагите од амбасадите на САД и Западот, за да не држат во некаква приказна за некои принципи, а всушност да ги поткопаат нашите права или РС ќе го направи тоа што е потребно “, предложи Додик.

Тој повтори дека РС не може да и се довери на БиХ.

ʺБиХ е лошо место и место за неслобода на србите и Република Српска. Ако нема договор странците да го напуштат Уставниот суд и тој да заработи како и во сите други земји, тогаш нема БиХ. Нека го запомнат тоа “, рече Додик.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO