За да го зачува својот кредибилитет Европската унија мора да ја забрза евроинтеграцијата на земјите од Западен Балкан и тој процес да биде многу подинамичен, истакна еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на пленарното заседание на Европскиот парламент во Стразбур.

Вархеји нагласи дека ЕУ мора да ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија бидејќи двете земји ги исполнија условите што им беа поставени. Проширувањето на Западен Балкан, според него, може да биде успешно само ако ЕУ ги исполни ветувањата што ги дала, а за тоа е неопходен побрз иподинамичен процес.

„За време на долгите подготовки и преговарачкиот процес ќе ни биде неопходна многу посилна политичка контрола со максимално учество на земјите членки. Во спротивно ризикуваме јакнење на силите кои би можеле да нанесат штета на преговарачкиот процес“, предупреди Вархеји.

W3Schools

ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO