Лидерот на Македонски концепт, Петар Богојески во изјава за Фокус ја коментира економската понуда која ја претстави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Според Богојески, програмата е популистичка и не е одржлива.

-Внимателно ја разгледавме “економската понуда” на Обновата на бандитизмот, и не можевме да не констатираме дупли популизам од оној на СДСМ. Од една страна намалување на даноци, од друга страна зголемување на плати и пензии. Дали тоа значи дека финансирањето ќе биде со уште поголемо задолжување? И сето тоа базирано на политики на гол левичарски интервенционизам.

Ништо иновативно и економски издржано и одржливо. Ветувањата на Мицкоски се празен лист на хартија! После толку многу изборни кампањи, запрепастува обидот за потценување на интелигенцијата на граѓаните, обидот за понижување на народот. Наивно е да очекуваш дека некој во 2020 година ќе ти поверува во лажни и економски неиздржани ветувања за вештачки пораст на плати и пензии. Во очекување сме на “економската понуда на Слепиот пат”, па да ја продискутираме.

Очигледно и двете “понуди” се силно конкурентни во левичарскиот “економски” кампус, каде државата и мафијата, а не пазарот, го имаат главниот збор, вели Богојески.

Тој смета дека на Македонија и треба стабилен и слободен раст на економијата и повлекување на државата и мафијата од мешање во стопанството.

-Со тоа се реформира државата, која само ќе го подпомага бизнисот во насока на силно претприемништво во трите сектори, јавниот, приватниот и социјалниот. Ова не се прави брзо и лесно, ова е потешкиот, но единствениот пат за силна македонска држава на богати и достоинствени граѓани. Ова е патот на Македонски концепт, заклучува Богојески.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO