Челзи се доближи максимално до првото ново засилување со Франк Лампард како клупски менаџер, откако се договори со Ајакс за крилниот играч Хаким Зиеш.

Лампард беше многу вознемирен од фактот дека трансферското ембарго отпадна пред време, а неговиот клуб не успеа да привлече ниту еден нов играч во јануари.

Шефовите на Челзи, сепак, решике да ја искажат својата поддршка кон Лампард и се договорија за првото летно засилување долго пред да се отвори следниот преиден период.

Според холандското издание De Telegraaf, Челси веќе има прелиминарен договор со Ајакс, а трансферната сума е 45 милиони евра (38 милиони фунти). За услугите на 26-годишниот Мароканец беа заинтересирани и Манчестер Јунајтед и Арсенал, но Ајакс избра да ја продаде својата sвезда на ʺСинитеʺ. Привлекувањето на Зиеш значи дека Челзи може да се раздели со Педро во текот на летото и евентуално со Вилијан. Меѓу другите цели на лондончаните се Џејдан Санчо од Борусија Дортмунд и дефанзивецот на Бурнемаут, Нејтан Аке.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO