Од Фејсбук изјавија денес дека исчистиле десетици акаунти поврзани со руското воено разузнавање, при последните напори за отстранување на манипулацијата и дезинформацијата од огромната социјална мрежа.

Други акаунти со потекло од Иран, Виетнам и Мјанмар, исто така беа блокирани на Фејсбук и Инстаграм заради ʺучество во туѓо и владино мешање“, изјави раководителот на политиката за безбедност во Фејсбук Натаниел Глајхер.

Мрежата базирана во Русија, која вклучува 78 акаунти во Фејсбук и четири во Инстаграм, се фокусира главно на Украина и соседните земји и објавува содржини за конфликтот во Сирија, етничките тензии во Крим и симнувањето на малезискиот авион во Украина во 2014 година.

ʺИ покрај тоа што луѓето што стојат зад оваа мрежа се обидоа да ги прикријат своите идентитети и координација, нашата истрага пронајде врски со руските воени разузнавачки служби“, изјавиГлајхер во публикација на блогот.

Овој потег е последниот од страна на социјалните мрежи кои се стремат да ги овладеат странските манипулации, вклучително и напорите за вештачко популаризирање на одредени политички пораки, честопати со дезинформации.

Фејсбук соопшти дека блокирале и одделни мрежи во Иран, Виетнам и Мјанмар.

Шест акаунти во Фејсбук и пет акаунти во Инстаграм, кои беа фокусирани кон САД и односите САД -Иран, беа отстранети за „координирано не автентично однесување“ и очигледни врски до таква мрежа што беше отстранета од Фејсбук во јануари 2019 година.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO