Соединетите Американски Држави ги обвинија иранските власти дека лансирањето на сателит во вселената го користат за да развијат балистички ракети. Обвинувањето доаѓа на два дена откако иранските власти пријавија дека имале неуспешен обид да го испратат иранскиот сателит Зафар во Земјината орбита.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео смета, дека технологиите што се користат за лансирање сателити во орбитата се практично идентични со оние кои се користа во ракетните системи со долг дострел, вклучително и интерконтиненталните балистички ракети: „Секое лансирање, без разлика дали е неуспешно или не, дополнително му дозволува на Иран да стекне искуство со користење на такви технологии кои можат да му бидат од корист за неговите ракетни програми, под маската на мирнодопска вселенска програма“, рече Попмео.

И Франција ги осуди напорите за лансирање на иранскиот сателит и го повика Иран да се придржува кон меѓународните обврски.

Иран ги негира обвинувањата.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO