Кина денеска пријави најмал број на новозаболени од коронавирусот, или КОВИД-19, од крајот на јануари, давајќи им тежина на предвидувањата на кинески научници дека ширењето на вирусот може да запре до април.

Меѓународните научници засега не се согласни со предвидувањата дека вирусот од кој досега починаа 1.100 луѓе, речиси сите во Кина, би можел да се запре така брзо, и предупредуваат од преголем оптимизам.

Главниот кинески епидемиолог за инфекцијата, Жонг Наншан вели дека бројот на новозаболени паѓа во некои провинции, и предвидува дека епидемијата ќе ја доживее својата кулминација овој месец.

„Се надевам дека оваа епидемија би можела да заврши до април“, вели Жонг, чии претходно проценки за крајот на епидемијата се покажаа неточни.

Вкупниот број на заболени од коронавирусот во Кина се искачи на 44,653, вклучително и 2,015 новозаболени во вторникот. Тоа е најмалиот дневен раст од 30 јануари. Кина минатата недела го измени правилникот за превенција и контрола на коронавирусот и наложи за потврдени случаи да се сметаат само оние кои имаат клиничка потврда.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO