Во присуство на високи гости и политички претставници од земјава, знамето на НАТО се постави на јарболот пред македонското Собрание.

На овој свечен чин претходеше ратификацијата на Протоколот за НАТО, која беше изгласана со 114 гласа за од 116 присутни пратеници.

На гласањето претходеа говори од претседателот Стево Пендаровски, премиерот Оливер Спасовски, претставници од парламентарните групи, претседателот на Собранието, Талат Џафери. По гласањето, се обрати в.д. претседателот на Парламентарното Собрание на НАТО, Атила Местерхази.

Пратениците го ратификуваа Протоколот со аплауз, по што следува свеченото подигање на знамето на НАТО пред Собранието.

Ратификацијата почнува да важи по објавување во Службениот весник, што пак ќе се случи откако Шпанија ќе го ратификува Протоколот, како 29-та и последна земја-членка на НАТО, откако поради кризата во земјата, се одложи и нивното зелено светло за земјава.

Историскиот чин во Собранието доаѓа по децениските заложби за влез во Алијансата, а на членството претходи Преспанскиот Договор како последно барање за Македонија да ги оствари стратешките цели, членство во НАТО и Европската Унија.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO