Теодосиј Спасов е првиот соло исполнител, кој свирел на сите континенти. На покана на проф. Христо Пимпериев, раководител на 28-та бугарска експедиција на Антарктикот, тој беше вклучен во составот на последната група, заедно со гитаристот Христијан Цветков, соопштија од експедицијата.

Инспирирани од уникатната убавина и природата на Ледениот континент, тие составија 10 нови дела, како што се: „Танц со пингвините“, ʺКуцото куче“, „Заливот на Волкот“, ʺДа те чекам вечно можам јас“, „Тигрите на Дрејк“, ʺЖед за слобода“ и ʺЖивеечкиот во камењатаʺ – Living in Stones (Livingston) “.

Среде колонија од пингвини и фоки, двајцата музичари изведоа дел од композициите, а животните не само што не се плашеа, туку дури и им се допадна музиката и слушаа со големо внимание.

Во саботата (8-ми февруари), обновената шпанска база Хуан Карлос Први беше одржан првиот концерт од ваков вид на Антарктикот кој беше претставен на шпанските и бугарските поларни истражувачи. Беа изведени три од новите композиции, како и импровизации на шпанското фламенко и бугарското оро. По концертот на ʺМеталика“ во 2013 година во Антарктикот, ова е првиот дует на светот кој свирел на Ледениот континент.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO