Регулаторната комисија за енергетика денеска напладне треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела имавме пад на цените на дизелот и бензините.

Малопродажната цена на бензините се намали од еден до 1,5 денари, а на дизелот за два денари.

Според одлуката, малопродажната цена на Еуродизел изнесува 58 денари за литар, на Еуросупер БС-95 изнесува 66 денари за литар, Еуросупер БС 98 се продава по 68,50 денари за литар и екстра лесното масло за домаќинство  по 47,50 денари

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС намали за  1,473 денари и изнесува 34,922 денари за килограм.

Останува да видиме дали и денеска ќе имаме ново намалување со оглед на тоа дека цените на нафтата на светските берзи паѓаа и минатата, петта, недела по ред, како поседица на стравувањата дека заради економските последици од ширењето на коронавирусот во и надвор од Кина ќе се намали побарувачката на „црното злато“.

На Лондонската берза цената на барелот минатата недела опадна за 6,3 отсто, на 54,47 долари, додека на американскиот пазар барелот беше поефтин за 2,4 отсто, на 50,32 долари.

Бидејќи во Кина секојдневно се зголемува бројот на починати и заразени, стравувањата од пандемија и натаму се големи. Особено затоа што има уште многу непознаници за коронавирусот, особено стапката на смртност и начинот на ширење.

Кинеската економија, пак, е под огромен притисок бидејќи серија градови се во карантин, а бројни авионски летови се откажани. Многу фабрики се затворени, а синџири за набавка се прекинати.

Аналитичарите сметаат дека тоа може да предизвика уште поголема економска штета отколку што се очекуваше, и покрај бројните економски поттикнувачки мерки на кинеските власти.

Аналитичарите на Џ.П. Морган ја намалија проценката на раст на кинеската економија во првиот квартал од годината од првично планираните 6,3 на 4,9 отсто.

Заради тоа се очекува и помала побарувачка за нафта. Групата Еуроазија проценува дека побарувачката за нафта само во Кина, најголемиот увозник на нафта во светот, во првото тримесечје од годината ќе се намали дури за три милиони барели дневно во однос на истиот период лани.

Заради тоа ОПЕК и нејзините сојузници, на чело со Русија, ра разгледуваат можноста за натамошно намалување на дневното производство на нафта за 600.000 барели, како подршка за стабилизирање на цените.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO