Екипата на Порто постигна вреден успех на домашен терен против Бенфика во дербито од 20-то коло во португалската Примера дивизија.

Змејовите го отворија резултатот по десетминутна игра на ʺЕштадио до Драгаоʺ по прецизната интервенција на Серџо Оливеира. Осум минути подоцна, Карлос Винисиус изедначи, но до крајот на првото полувреме избраниците на Серџо Консеасао постигнаа уште два погодоци. Прво Алекс Телес го врати водството на домаќините, а на крајот на првото полувреме Рубен Дијаш постигна автогол.

Гостите, предводени од Бруно Лаге, се вратија во натпреварот по вториот гол на Винисиус, но до крајот на натпреварот не успеаја да изедначат, па Порто го намали заостанувањето од противникот на врвот на четири бода. За двата тима им претстојат полуфинални реванши за Купот на земјата – Порто го пречекува Академико на домашен терен, додека Бенфика му гостува на Фамаликао. Во шампионатот Порто и гостува на Виторија де Сетубал, а Бенфика ќе биде домаќин на Брага.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO