Sвездата на Барселона Лионел Меси нема намера да го напушта клубот и ќе остане на „Ноу Камп“ барем до крајот на неговиот сегашен договор со Каталонците до летото 2021 година. Во последните денови се шпекулираше дека Меси може да ја напушти Барса, откако влезе во отворен конфликт со спортскиот директор на клубот Ерик Абидал.

Медиумите во Шпанија и Велика Британија коментираа дека е можно 32-годишниот Аргентинец повторно да се соедини со Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, додека печатот во Италија тврдеше дека Јувентус би можел да го собере Меси со неговиот голем ривал Кристијано Роналдо, но тоа нема да се случи . И покрај тоа што е незадоволен од критиките на Абидал кон играчите на тимот, Меси сака да продолжи да игра за Барселона и дури е отворен за преговори за продолжување на неговиот сегашен договор, иако тој претпочита да не се обвразува со тимот на долг рок, пренесува Sky Sports.

Иако страстите околу конфликтот меѓу Меси и Абидал се смирија, сè уште е нејасно дали Французинот ќе продолжи да го има раководниот пост во клубот и по крајот на сезоната. Претседателот на Барса Хосеп Марија Бартомеу, како и навивачите на тимот, не се задоволни од трансферите што ги реализираше Абидал, со тоа што Каталонците продолжуваат да имаат сериозни празнини во составот и покрај сериозните инвестиции во последните две години. Како и да е, се очекува Абидал да има последна шанса ова лето, а неговите дејствија на трансферниот пазар ќ бидат решавачки во однос на неговата позиција на ʺНоу Кампʺ.

ИНФО ЗА КОВИД-19 ВНИМАНИЕ! НЕ ШИРЕТЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ! Драги сонародници, да не дозволиме коронавирусот да владее со нашите животи! Заштитете ги старите лица, избегнувајте ги социјалните контакти, мијте ги рацете, не паничете! Животот продолжува по коронавиросот!
loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO