Кирк Даглас беше погребан во присуство на неговото семејство и режисерот Стивен Спилберг, пренесуваат американските медиуми.

Sвездата од ʺСпартакʺ почина оваа седмица на 103-годишна возраст, а синоќа беше положен во Меморијалниот парк во Вествуд Вилиџ во Лос Анџелес, Калифорнија.

Неговото семејство беше присутно на погребот – неговата сопруга Ен Бајденс на 100 години, синот Мајкл Даглас на 75 години, сопругата на Мајкл Кетрин Зита-Џонс на 50 години и неговиот син Камерон Даглас на 41 години. На церемонијата присуствуваше и славниот режисер Стивен Спилберг.

Мајкл ја потврди смртта на неговиот татко оваа седмица. „За светот, тој беше легенда, актер од златниот век на филмот, кој добро живеел во неговите златни години. Ќе го паметам по зборовите што му ги кажав на неговиот последен роденден и кој секогаш ќе останат вистинити: Тато – толку те сакам и се гордеам дека сум твој син “.

Семејството сè уште не ја соопштило официјалната причина за смртта на Даглас, но се верува дека се должи на здравствени проблеми.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO