Јувентус ќе му предложи нов договор на Пауло Дибала, соопштуваат медиумите во Италија. Бјанконерите сакаат да го обврзат напаѓачкиот играч до летото 2025 година. Сегашниот договор меѓу двете страни истекува по крајот на сезоната 2021/22. Според „Тутоспорт“, аргентинецот е подготвен да остане во Торино, а од клубот го сметаат како грешка неговото пуштање на пазарот минатото лето.

Дибала беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Париз Сен Жермен, но на крајот остана на ʺАлијанц стејдиам“ и си го врати своето место во почетниот состав.Под водство на Маурисио Сари оваа сезона, Дибала има 11 голови и 11 асистенции на 28 одиграни натпревари. Фудбалерот настојува за плата од 10 милиони евра по сезона, што ќе биде доволно за продолжување на неговиот договор.

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO