
За продлабочување на односите со сојузната држава Северен Рејн-Вестфалија во областа на трговијата и инвестициите разговараа заменик министерот за економија Лачезар Борисов и д-р Стефан Холтоф-Пфjортнер, министер за федерални, европски и меѓународни работи на Германската федерална провинција. На средбата било откриено дека Северен Рејн-Вестфалија е најголемиот бугарски надворешно-трговски партнер меѓу 16 германски сојузни провинции и исто така е водечки инвеститор во Бугарија од германска страна. Само во минатата година, направени се 4 инвестиции во автомобилската индустрија на компании од Федералната провинција, истакна Борисов.
„За периодот јануари – октомври 2019 година, трговијата со Германија изнесуваше 7.075 милијарди евра, што е раст од скоро 3% во однос на истиот период лани, а над 17% од вкупната трговија на Бугарија со Германија е формирана токму од Федералната држава“, додаде тој.
Заменик министерот Борисов рече дека инвестициите, соработката со партнерите од Северeн Рeјн-Вестфалија, имплементацијаjd на заеднички проекти и вклучувањеjf на бугарските компании во мрежата на добавувачи и подизведувачи ќе продолжат да се охрабруваат.
Д-р Стефан Холтоф-Пфjортнер рече дека германската страна е заинтересирана за продолжување на добри односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес.
Двајцата разговараа за понатамошните прашања во врска со развојот на регионот на Западен Балкан и Европската зелена зделка, како нова стратегија за раст.
