Европска комисија планира укинување на монетите од еден и два евро-цента, објави германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Весникот истакнува дека ЕК утре ќе ја претстави програмата за работа што го содржи предлогот „единствено правило на заокружување“ со цел да се укинат најмалите монети.

Во извештајот на ЕК од 2018 година се наведува дека поголем број земји-членки од еврозоната преминале на заокружување на цените на пет центи.

Според извештајот со укинувањето на еден и два цента би се заштедило на трошоците на производство, но и на нивното броење и транспорт

loading...
Бесплатно преземање на содржини од Татковина е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на Татковина, односно со одговорниот уредник. - дозволено е да се преземе најмногу 25 % од содржината на текстот – на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во Татковина. Секое целосно превземање ќе резултира со издадена фактура на име КОРИСТЕЊЕ НА СОДРЖИНА ОД ПОРТАЛОТ ТАТКОВИНА во износ од 10 000 денари. За прекршувања на овие услови, Татковина го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.
Сподели на социјалните мрежи
  • gplus

TATKOVINA.INFO